Ардијан Нухиу на клупата на Шкендија!?

Сезоната во македонската Прва лига заврши, и сега екипите се на одмор, а дел од нив веќе ги формираат тимовите со кои ќе настапат идната сезоната. Шкендија покрај играчи, ќе мора да бара и тренер, со оглед дека Ќатип Османи си поднесе оставка веднаш по победата над Работнички на гости. Оставката му беше прифатена, и сега испразнетата клупа ќе треба да се пополни.

ЕКИПА дознава дека Шкендија веќе стапила во преговори со екс тренерот на Шкупи, Ардијан Нухиу. Нухиу во минатото беше дел од Шкупи, а неодамна и од Дрига Гњилане од Косово. Преговорите одат во позитивен правец, и се очекува во многу скоро Нухиу и да биде промовиран на клупата на тетовските „црвено-црни“.

Нухиу беше во комбинација и за тренер на Струга ТЛ по отказот на Срѓан Захариевски пред неколку месеци, меѓутоа стружани се одлучија за Шпетим Дуро.

Исто така во формирање на играчкиот кадар, во опција за нов играч на Шкендија е Кристијан Тошевски, моментално играч на Тирана. Станува збор за десен бек и стопер, кој во минатото беше дел од Тетекс, Пелистер и Вардар.

Се вчитува...