Голманот кој беше дел од ЕП ќе брани за Шкупи!

Шкупи остана без првиот голман Кристијан Наумовски, кој што замина да прави трансфер во Сингапур, па така чаирскиот тим веќе тргна по нов чувар на мрежата за следната сезона.

Како што дознава ЕКИПА, чаирската екипа е во сериозни преговори за ангажман на Ристе Јанков, сегашниот голман на романска Политехника, и екс голман на Работнички. Тој би се вратил по година и пол интернационална кариера, откако беше дел од Каспиј, а од август 2022 година и во Политехника, и еден од заслужните за враќање на тимот во прволигашката конкуренција.

Јанков би дошол на Чаир како бесплатен, со оглед дека му истекува договорот. Тој беше дел од македонската репрезентација на ЕП 2020 година како трет голман после Димитриевски и Шишковски.

Јанков потекнува од школата на Работнички. Кратко беше дел и од Локомотива како позајмен, а потоа во периодот од 2020 до 2022 година го чуваше стандарно голот на „романтичарите“.

Се вчитува...