Македонската ракометна репрезентација ќе го игра премиерниот меч на ЕП 2024 против селекцијата на Франција, потврдено е со денешниот официјален распоред кој го објави ЕХФ на својата веб страница.
Како што е веќе познато овој меч ќе се игра на фудбалскиот стадион “Меркур шпил” арена во Дизелдорф на 10. јануари со почеток во 18 часот.
Вториот меч од групата меѓу Германија и Швајцарија, исто така во Дизелдорф ќе почне во 20.45 часот.
Во второто коло Македонија на 14. јануари ќе се сретне со Германија во Берлин, со почеток во 20.30 часот. Настапот во групата А нашите ракометари ќе го завршат на 16. јануари, против Швајцарија со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА