Ѓоковиќ рутински до нов триумф во Рим

Новак Ѓоковиќ со рутински настап стигна до лесна победа над Камерон Нори од Велика Британија, со што српскиот тенисер се пласираше во четвртфиналето од Мастерс-турнирот во Рим.

За разлика од првиот меч на кој имаше неочекувани проблеми, овојпат Ѓоковиќ беше во целосна контрола над случувањата на теренот. Првиот носител одлично го отвори мечот, веднаш стигнувајќи до брејк и рутински добивајќи го првиот сет со 6-3. Вториот сет почна со по еден брејк на двете страни, за Ѓоковиќ да блесне кога беше најважно, при 4-4 дојде до брејк без загубен поен и на крајот славеше со 6-4.

Негов противник во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот Попирин – Руне.

Се вчитува...