По обезбедувањето на прволигашкиот статус, тимот на Воска Спорт го решава тренерското прашање. Според информациите на ЕКИПА, охридскиот тим е во преговори со ангажман на Муарем Бајрами, доскорешниот шеф на стручен штаб на Македонија ЃП кој пред неколку недели се раздели од „лавовите“ и сега е без ангажман.
Бајрами покрај Македонија ЃП, во минатото беше и на клупата на Шкупи, а сега одново може да има прволигашки предизвик.
Досега тимот на Воска беше предовден од Берат Имери, кој веројатно ќе остане во стручниот штаб на екипата и во следната сезона.
Тимот на Воска како првопласиран го обезбеди учеството во прволигашката конкуренција за првпат во својата историја. Во екипата настапуваат многу прволигашки имиња меѓу кои Медин Бајрами, Наум Вељаноски, Едмедин Адем, Јасир Селмани, Михајло Јакимоски, Ален Јашароски, Изаир Емини… Во следниот период екипата ќе добие и неколку засилувања и во играчкиот кадар, со цел тимот добро да се претстави во прволигашката конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

