Италијанските медиуми тврдат дека македонскиот репрезентативец Илија Несторовски сигурно заминува од редовите на Удинезе по четири години минати во овој калчолигаш.
Според Италијанците, во Удинезе се очекуваат серија промени во ростерот поради што нема да има место за македонскиот напаѓач кој и онака доби малку шанса за настап во Серија А.
„Еден од оние кои сигурно заминуваат е и Илија Несторовски. Нов договор за Несторовски е невозможен и поради тоа што клубот веќе има едно засилување за новата сезона, Бразилецот Бренер, а се планираат уште неколку на таа позиција“ – пренесуваат медиумите од Удине.
Несторовски во Удинезе е од јуни 2019 година пристигнувајќи од Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА