Студентски Центар сензационално го освои Белград за предност од 1-0 во четвртфиналната серија против Партизан во АБА лигата. Српскиот евролигаш сега ќе мора да слави на гостувањето во Подгорица, а за натпреварот во Црна Гора може да не смета на услугите на Матијас Лесор.
Францускиот центар одново се најде во центарот на вниманието со нетрпеливоста откако по крајот на натпреварот го оттурна кошаркар на Студентски Центар кој славеше победа. Ова е е прв пат Лесор да не успева да ги смири емоциите. Така беше и на дуелот против Црвена Звезда кога влезе во клинч со Филип Петрушев, а неговото однесување во Мадрид во вториот натпревар против Реал Мадрид скапо го чинеше белгардскиот гигант.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА