Ѓоковиќ: Нори треба да се засрами за односот во текот на целиот натпревар

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим откако славеше со 6-3 и 6-4 против Камерон Нори во натпревар кој Британецот го одбележа со крајно неспортски потег откако го удри Србинот со топчето по завршен поен.

Целата ситуација по мечот ја коментираше Новак Ѓоковиќ кој вели дека неговото однесување било непримерно уште од самиот старт, а потегот воопшто не бил спортски.

„Ја погледнав снимката и можеби може да се каже дека не ме удри намерно, не знам дали ме видел, но совршено можете да видите каде е играчот на теренот. Топката беше спора и блиску до мрежата бидејќи само се свртев по завршниот поен. 

Не станува збор само за тоа, туку има комбинација на работи. Тој од почетокот имаше ситуации кои му беа дозволени. Да земе музички тајм-аут, да удри играч, да ми говори во лице „одиме“ и тоа речиси на секој поен од првиот гем. Тоа не е фер-плеј и начин на кој се почитуваме едни со други. Но, дозволено е. Не го разбирам, но тоа е што е. Направи искра, а јас му одговорив на тоа. Нема да дозволам никој да се однесува така спрема мене. Тоа е тоа. Тоа што ќе се случи на теренот останува на теренот“, вели Србинот.

Се вчитува...