Ник Кирјос се повлече од Ролан Гарос, и покрај тоа што и ветил на девојката дека ќе го види Париз

Австралискиот тенисер Ник Кирјос официјално се повлече од Роланд Гарос. Австралиецот се уште не одиграл ниту еден меч сезонава, откако се повлече од Австралија Опен и беше подложен на операција на коленото.

Се чинеше дека неговото враќање на тениските терени е сигурно кога се пријави за турнирот во Штутгарт, многумина веруваа дека ќе го игра Ролан Гарос затоа што и ветил на девојката, но официјално се повлече од истиот.

„Следната година ќе одам во Париз. Сега тоа го најавувам затоа што не сум играл таму четири години, и и ветив на девојката дека ќе го види Париз“ – рече Кирјос за време на минатогодишниот настап во Хјустон.

Се вчитува...