Ждрепката на 25. мај, а баражите за влез во Втора лига ќе се играат на 28. мај

Ждрепката за баражите за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига ќе се одржи на 25. мај во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Во баражот ќе се најдат досегашниот второлигаш Тетекс, како и шампионите во петте третолигашки региони, Новаци како шампион на Трета лига – Југозапад, Осогово како шампион на Истокот, Башкими како најдобар во Третета лига – Север, Вардар Неготино како шампион на Третата лига – Југ и Влазерими како шампион на Трета лига – Запад.

Трите бараж натпревари за влез во Втора лига се закажани за 28. мај, а според пропозициите, трите екипи кои ќе победат ќе обезбедат место во Втора лига, а согласно пропозициите со ждрепка ќе бидат извлечени две екипи кои ќе ги пополнат последните места за Втора лига за следната сезона 2023/2024.

Се вчитува...