Џака заминува од Арсенал – следна дестинација Германија

Гранит Џака по седум години поминати на „Емирати“ ова лето ќе замине од Арсенал и кариерата ќе ја продолжи во Баер Леверкузен, открива доброуптаниот Фабрицио Романо. Реперзентативецот на Швајцарија кој едно време ја носеше и капитенската лента на „топџиите“ оваа сезона беше стандарден првотимец и оваа одлука доаѓа како изненадување.

За трансферот на фудбалерот од средниот ред кој досега изброја 295 настапи за Арсенал германскиот клуб ќе издвои 15 милиони евра. Тоа воедно ќе значи и камбек во Германија од каде пристигна во Англија во 2016 година за 45 милиони евра.

Се вчитува...