ЛШ СОСТАВИ: Леао се врати во составот на Милан, Интер напаѓа со Лаутаро и Џеко

Познати се составите за вечерашната пресметка меѓу Интер и Милан во 1/2 финалето во Лигата на шампионите. Интер за влез во финалето ќе ги брани оние 0-2 стекнати од првиот меч, а во пресметката со градскиот ривал влегува со истиот состав како од првиот натпревар.

За разлика од Интер, во Милан имаат многу причини за задоволство, затоа што во екипата се врати најдобриот играч Рафаел Леао. Токму тој ќе биде најсилниот адут за „росонерите“ да го стигнат резултатот од првиот меч.

Се вчитува...