Најбогатиот фудбалер на светот остана без клуб

Фаик Болкиа, кој го има епитетот најбогат фудбалер на светот, остана без клуб откако неговиот тим Чонбури во Тајланд не му го продолжи договорот. Болкиах од декември 2021 година играше за овој клуб, и ја заврши авантурата со 32 настапи и постигна два гола и четири асистенции.

Во Тајланд имаше договор 2700 евра месечно, но богатството на неговата фамилија е проценето на 20 милијарди евра. Тој е син на принцот Џефри и внук на султанот Хасанала од Брунеи.

Неговиот татко сакаше Фаик да живее далеку од екстравагантен живот. Сепак, од Британија стигнаа вести дека таткото на овој 25-годишен играч е зависен од секс и има харем од 40 жени.

Принцот има три жени, 17 деци вклучувајќи го Фаик и 18 посвоени штитеници. Објавено е дека принцот троши 30 милиони фунти месечно за да го финансира својот раскошен живот.

Се вчитува...