Катарскиот шеик Јасим Бин Хамад Ал Тани даде нова, подобра понуда за купување на Манчестер Јунајтед. Воедно, оваа понуда од 5,5 милијарди фунти е последна понуда, односно понуда наречена „земи или остави“. Моменталните сопственици, браќата Глејзер добиле ултиматум да ја прифатат или да ја одбијат.
Новата понуда содржи 4,8 милијарди за целокупната продажба, а остатокот на парите ќе се однесуваат на вложувањето во клубот и локалната заедница.
Јунајтед има и преку 500 милиони фунти долг, за кој шеикот Јасим тврди дека ќе го исплати.
Во борба за Јунајтед е и Сер Џим Ретклиф, директор на компанијата Инеос, кој понудил 6 милијарди евра за преземање на клубот. Ретклиф исто така им понудил на Глејзерс да останат во клубот со делумна сопственост на 2 до 4 години, пред комплетно да го напуштат клубот, што не им се допадна на Американците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

