Во Барселона очајно се борат да го вратат Меси: Чави одбра четворица кои заминуваат од клубот!

Во Барселона очајно посакуваат да го вратат Лионел Меси во своите редови на крајот од сезонава, па веќе се редат акции со кои се создава терен за враќање на Аргентинецот.

Претседателот на клубот, Хуан Лапорта не крие дека главната цел на клубот е да се врати Меси, поради што Чави Хернандез доби тешка задача да избере играчи на кои нема да смета следната сезона, само поради Меси.

Каталонците се приморани да го растеретат буџетот поради што каталонски „Спорт“ пренесува дека Чави веќе одбрал четворица кои ќе ги избрише по крајот на сезоната, а то се Жорди Алба, Франк Кеси, Ансу Фати и Феран Торес. Покрај нив, заминува секако и Серхио Бускетс по 20 години во Барселона, додека Антоан Гризман и Тринкао ќе бидат продадени на Атлетико Мадрид, односно Спортинг Лисабон.

Барселона е наводно подготвена на Меси да му плати 23 милиони евра годишно, што е огромен износ со оглед на финансиската ситуација на „Ноу Камп“. Тој износ ќе биде овозможен со продажбата на оние кои се избришани од Чави, иако и тоа воопшто нема да биде лесна задача.

Се вчитува...