Циркузот наречен македонска кошарка продолжува понатаму. Низ годините бевме сведоци на се и сешто кога станува збор за овој спорт па и денешната ситуација од истокот на Македонија не треба многу да не изненади.
Таму во салата „Парк“ денеска требаше да биде одигран натпреварот од 4. коло во плејаутот помеѓу Струмица и Чаир 2030, но домашниот тим не се појави на натпреварот. Јавна тајна е дека новалијата во сезоната мака мачеше со финансии, играчи пристигнуваа и заминуваа па веќе по регуларниот дел од сезоната беше јасно дека епизодата во „елитата“ ќе биде само една сезона.
Веќе подолго време е јасно дека македонската кошарка нема капацитет за 12 тимови на прволигашката сцена, започнувајќи од квалитетот на теренот па се до можностите за професионално раководење со клубовите, оттаму јасно е и дека за вакви работи да не се случуваат во иднина потребни се нови промени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

