Новак Ѓоковиќ претрпе елиминација во четвртфиналето од Мастерсот во Рим. На патот на Србинот застана 20-годишниот Данец Холгер Руне кој славеше со 6-2, 4-6 и 6-2 за триумф на кариерата против најдобриот тенисер на светот.
Српскиот тенисер по натпреварот ги прокоментира условите за кои вели дека се најлошите со кои се сретнатл во кариерата, но и го пофали младиот противник за кој вели дека заслужено го добил мечот.
„Многу лоши услови. Ова е најверојатно најладниот и турнирот на кој видов најмногу дожд во кариерата. Многу врнеше.
Честитки за победата на Руне. Брз е, талентиран и динамичен играч. Искрено беше подобар. Беше предобар за мене во поголемиот дел од натпреварот. Лошо го отворив третиот сет и тука беше одлучен натпреварот. Заслужено победи“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

