Најдобриот стрелец на Брентфорд, привремениот англиски репрезентативец Ајван Тони е казнет со суспензија во времетраење од осум месеци поради прекршување на правилата за обложување што владеат во фудбалска Англија.
Постапката против Тони беше покрената уште пред извесно време, тој се изјасни како виновен прифаќајќи ја одговорноста за вкупно 232 случаи на обложување против правилата, со кои се забранува професионални фудбалери да се обложуваат на натпревари од овој спорт.
„Ајван Тони е суспендиран од играње фудбал и сите фудбалски активности од денот на оваа одлука, па се во наредните осум месеци, поточно до 16 јануари 2024 година, згора на тоа ќе треба да плати и 50.000 фунти како предупредување за прекршување на правилата за спортско обложување на ФА. Тој ќе може да се врати на тренинзи дури во последните четири месеци од суспензијата, почнувајќи од 17 септември 2023 година“, објави Фудбалската Асоцијација на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

