Арсенал остана без уште еден првотимец до крајот на сезонава

Микел Артета се соочува со сериозни проблеми во финишот од премиерлигашката сезона, откако неколку првотимци заработија незгодни повреди. Дефанзивецот Садиба и левиот бек Зинченко веќе се загубени до крајот на сезонава, а на таа листа на играчи од денеска се приклучи и Габриел Мартинели.

Бразилскиот крилен офанзивец се повреди на последниот меч со Брајтон, а деталните лекарски прегледи покажаа проблем со лигаментите на скочниот злоб.

„Мартинели го очекува пауза од најмалку неколку седмици. Се очекува тој да биде максимално подготвен за стартот на подготовките за наредната сезона, но дефинитивно нема да може да му помогне ан титмо до крајот на оваа сезона“, објавија од лекарскиот тим на Арсенал.

Покрај Садиба, Зинченко и Мартинели, поради посериозни повреди Артета до крајот на сезонава нема да може да смета ниту на Томијасу и на Елнени.

Се вчитува...