Рекордерот Дон Карло: Анчелоти со најмногу натпревари во Лигата на шампионите

Реал Мадрид вечерва му гостува на Манчестер сити во реванш натпреварот од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

За тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти ова е 191. натпревар во Лигата на шампионите со што стана тренер со најмногу натпревари во елитното друштво.

Тој до денешниот меч го делеше првото место со легендарниот Сер Алекс Фергусон кој во 190 меча го водеше Манчестер јунајтед. Трет на листата е Арсен Венгер со 178 елитни натпревари.

Се вчитува...