Манчестер сити прави голем чекор кон финале во Лигата на шампионите, откако на полувреме има предност од 2-0 против Реал Мадрид во реванш натпреварот од полуфиналниот двомеч.
Домаќините подобро го отворија натпреварот и својата прва убава шанса ја имаа во седмата минута кога Родри биеше непрецизно. Втората шанса „граѓаните“ ја имаа преку Халанд во 12. минута, но Тибо Куртоа одлично реагираше. Халанд имаше уште една неверојатна шанса, но повторно на неговиот пат застана неверојатниот белгиски чувар на мрежата.
Избраниците на Пеп Гвардиола конечно успеаја да го начнат голот на Реал Мадрид, откако во 23. минута Бернардо Силва со одличен удар донесе водство од 1-0.
Првата шанса гостите ја имаа дури во 35. минута кога Тони Крос одлично биеше од далечина, но неговиот удар заврши во пречката на противникот.
Бернардо Силва и по вторпат го матираше Тибо Куртоа откако ја удвои предноста за својот тим (2-0) во 37. минута.
GOAL | Manchester City 1-0 Real Madrid | Bernardo Silvapic.twitter.com/xIuIsEG0Pc
— VAR Tático (@vartatico) May 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА