Четворица фудбалери го напуштаат Ливерпул на крајот на сезоната

Џејмс Милнер, Роберто Фирмино, Наби Кеита и Алекс Окслејд-Чембрлен на крајот на сезоната си заминуваат од „Енфилд роуд“, потврдија од Ливерпул.

На гореспоменатите играчи им истекуваат договорите и си заминуваат бесплатно. Сите учествуваа во освојувањето на Лигата на шампионите во 2019 година и освојувањето на титулата англиски шампион во 2020 година. Тие исто така го освоија Лига купот и ФА купот.

Најслаб впечаток остави Наби Кеита, кој не се снајде најдобро на „Енфилд“, а големо влијание имаа и повредите. За пет години настапи на 129 натпревари, постигна 11 гола.

Се вчитува...