Пеп Гвардиола беше еуфоричен откако неговиот Манчестер Сити го декласираше Реал Мадрид со 4-0 и во голем стил обезбеди второ финале во Лигата на шампионите во клупската историја.
Со тоа, Гвардиола уште повеќе го подобри одличниот скор што го има во дуелите со Реал, кој сега изнесува 13 победи, пет реми и пет порази во неговата тренерска кариера против „кралевите“.
„Јас сум од Барселона, секако дека ми се особено мило сите победи над Реал Мадрид. Секогаш очекувате да одиграте добар меч, но да бидам искрен – не очекував дека ќе бидеме толку подобри на теренот. Игравме со болните спомени од она што ни се случи ланската сезона на реваншот со Реал, имавме извонредна енергија и висок интензитет. Игравме повисоко од вообичаено за да имаме пофлуиден напад, играчите го исполнија сето она што го договоривме“, изјави Гвардиола.
Сити во големото финале на 10 јуни во Истанбул ќе се сретне со Интер, дуел на кој тимот на Пеп Гвардиола ќе ја има фаворитската улога.
„Во финалето играме со екипа од Италија. Добро познато е, Италијанците се најопасни кога не се фаворити, кога играат без притисок. Затоа, ќе мораме да бидеме многу внимателни“, прокоментира каталонскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

