Бабунски доби отказ од Пелистер

Бобан Бабунски повеќе не е тренер на Пелистер откако раководството на битолскиот второлигаш реши да ја прекине соработката со поранешниот македонски репрезентативец, откако не успеа да обезбеди влез во Првата лига.

Тоа беше зацртана цел пред доаѓањето на Бабунски на кормилото на битолскиот клуб, а откако „пелистерци“ го завршија шампионатот на четвртото место, без автоматска промоција ниту пак место во баражот, беше донесена одлука за разделба од тренерот.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека со завршувањето на Втората фудбалска лига официјално заврши догооворот на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски. Со оглед на неисполнувањето на целта, промоција во Првата лига, патиштата на клубот и Бабунски се разидуваат. ФК Пелистер му се заблагодарува на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му посакува многу успех во понатомошната кариера. Клубот во наредниот период ќе го објави новиот шеф на стручниот штаб за сезоната 2023/24“, објавија битолчани на официјалната клупска страница на фејсбук.

Се вчитува...