„Никола Јокиќ го надмина Дражен Петровиќ“

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ игра неверојатен плеј-оф во кој го води својот тим многу блиску до финалето во НБА лигата.

Најдобриот кошаркарски менаџер во Европа, Мишко Ражњатовиќ смета дека Јокиќ е најдобриот играч од територијата на поранешна Југославија и дека веќе го има надминато Дражен Петровиќ.

„Секогаш ќе ми биде тешко да признаам дека некој е подобар од Дражен Петровиќ, но по се што направи Јокиќ, мислам дека можеби веќе е пред него. Сите останати се далеку зад нив. Секако, треба да го земеме предвид периодот во кој играше Дражен, кога НБА лигата беше затворена за европејци, но и покрај тоа мислам дека Јокиќ е веќе подобар“, изјави Ражнатовиќ.

Се вчитува...