Тренерски егзодус во ПМФЛ: Само Силекс остана верен од почетокот

Во годинашнава сезона сезона на клупата на десет клуба седеа 25 тренери. Ваква смена, подобро кажано „сеча“ на тренерите во Првата фудбалска лига на Македонија во една сезона , разгледувајки ги извештаите од претходните првенства во самостојна Македонија не е забележана. Ова е навистина своевиден рекорд, од 11 клуба, само еден,и тоа Силекс од Кратово го задржа својот тренер Горазд Михајлов од првото до последното коло во годинашново првенство кој ја оправда довербата на раководството на кратовскиот прволигаш. Младиот и еден од најуспешните тренери во Македонија, дојде во Силекс за да обезбеди опстанок на клубот во оваа прволигашка конкуренција, на крајот Силекс се пласира дури на четвртото место играјќи и во полуфиналето на Купот.

Но да се вратиме на тој своевиден рекорд на смена на тренерите. На клупата на преостанатите десет клуба седеа дури 25 тренери. Не не е грешка, точно 25 тренери, од нив ,пет клуба ги водеа и по тројца тренери. Што е многу. многу е. Тоа најмногу покажува колку е несигурна и неблагодарна тренерска фудбалска професија во Македонија. Секој неуспех, слаби резултати клубските моќници го казнуваат со отказ со онаа излитена фраза, спогодбен раскин на договорот со изјава за јавноста, му благодариме за успешната соработка и му посакуваме успех во друг клуб.

Сезоната на смена на тренери ја отвори Шкендија која неочекувано го смени Артим Шакири иако тиј имаше најмногу успеси во европските купови од македонските екипи. На два меча ја водеше Скендер Јонузи, за да се врати новиот, стариот тренер Ќатим Османи.

Покус не остана и шампионот на Македонија од минатата сезона Шкупи. Почна со Гоце Седловски, тој по неколку кола поднесе оставка, на клупата седна за кусо Гохан Бочкаја, повторно се врати Седловски, за да во финишот Шкупи го водрше турскиоѕт тренер Џихад Арслани.

Работнички и Брегалница имаа исто така по тројца тренери. Работнички стартуваше со Љупчо Марковски, потоа на два меча на клупата седеше Стојанче Игњатов, за да потоа биде ангажиран нивниот поранешен играч Милан Илиевски.

Брегалница го доведе поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија Илчо Ѓорѓиевски, не се прослави многу, едно време ја тренираше Лазар Илиев, во финишот Горан Здравков.
И Академија Пандев може да се пофали со тројца тренери во една сезона. Почна со Ѓорѓи Стојчев, кога зачестија поразите, го замени искусниот Александар Васовски, кој на три кола пред крајот на првенството поднесе оставка кога Пандев се повлече како главен спонзор ма клубпот. На неговото место, веројатно времено беше назначен Тони Атанасов.

И да ја завршиме тренерската прволигашка приказна со уште пет клуба. Скопје со Славчо Георгиевски долго се бореше да обезбеди опстанок во лигата, сам се повлеча од жешката клупа. по него дојде искусниот Мирсад Јонуз да го спасува клубот од Автокоманда барем од баражот за опстанок но не успеа .За Победа исто така немаше спас, се сели во Втората лига. Бабунски, ниту неговиот наследник Благоја Дамески немаа маѓепсно стапче да го направат невозможното. Тиквеш ,кој имаше големи амбиции со ангажирањето на познатиот Влатко Костов неочекувано слабо ја почна сезоната, малку се подобри подоцна со Ѓорѓи Мојсов, додека најголемото изненадување со тренерската смена го направи новиот шампион на Македонија Струга Трим Љум која му даде отказ на Срѓан Захариевски, иако стружаните убедливо водеа на табелата ангажирајки го во финишот албанскиот стручњак Шпетин Дуро.

И на крајот и Македонија од Ѓорче Петров се приклучи во оваа приказна. Го смени Муарем Бајрами со Горан Симов на кого му беше дадена можност да го поправи впечатокот на некои слаби резултати. Симов сега има шанса да се покаже во финалето на купот на 20. мај.

М.Мицковиќ

Се вчитува...