„Ако Јувентус биде казнет Серија А нема да биде регуларна“

Поранешниот капитен на Јувентус, Џорџо Кјелини вели дека сезонава во Серија А нема да биде регуларна доколку и бидат одземени бодови на „старата дама“.

на 22. мај ќе има ново рочиште на кое се очекува Јувентус повторно да биде казнет, но сега да му бидат одземени девет бода.  Доколку ова се случи, тимот од Торино ризикува да испадне од топ четири на табелата и да остане без ЛШ.

„Не очекував дека Јувентус може да добие казна, исто како што не очекува дека казната може да биде тргната, а сигурно не очекував на крајот од сезоната да постои можност за ново одземање на бодови. Би рекол дека оваа сезона не може да биде регуларна за Јувентус и останатите тимови, регуларно е само Скудетото на Наполи и послендото место на Сампдорија“, вели Кјелини.

Се вчитува...