Формула нема да има во Имола, но може да има кајак трки (ФОТО)

Големата награда на Емилија-Ромања во Имола нема да се одржи овој викенд поради екстремните временски услови во северниот италијански регион.

Причина се големите поплави во кои животот го загубија најмалку девет лица и поради кои беа евакуирани повеќе од 13.000 жители од тој регион.

„Одлуката за одложување е донесена бидејќи не е можно безбедно да се организира настанот за нашите навивачи, тимови и нашиот персонал и тоа е правилно и одговорно нешто да се направи со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат местата и градовите во регионот. “, стоеше во вчерашното соопштение од Ф1. 

Само еден ден подоцна, застрашувачки сцени пристигнуваат од Емилија-Ромања, меѓу нив и од автодромот Имола.

Персоналот на Формула 1 беше замолен да ја напушти патеката во вторник поради стравувањата од поплави бидејќи нивото на водата во реката Сантерно, која тече покрај патеката, се зголеми.

Дел од патеката беше поплавен, а недалеку од неа беа снимени навивачи со знамето на Ферари, во кајаци.

Се вчитува...