Во недела во Кавадарци, Вардар го игра најважниот дуел во последните две години. Откако не успеа минатата сезона да се врати во прволигашката конкуренција, „црвено-црните“ за три дена против Скопје ќе се обиде да се врати во „елитата“ после две години второлигашки фудбал.
Пред најважниот дуел, Вардарци добиваат помош од Општина Кисела Вода. Според најавите од навивачката група „Комити“, градоначалникот на оваа општина Орце Ѓорѓиевски ќе му помогне на „црвено-црниот“ тим со еден милион денари.
Ова е сериозна финансиска инјекција пред бараж натпреварот, и добра можност да се покријат дел од трошоците кои ги има најтрофејниот македонски тим. Исто така добар стимул за фудбалерите пред најважниот меч.
Од навивачката група Комити, која го поседува најголемиот дел од клубот, најавуваат дека помош ќе стигнува и од други општини, по што следува целосна консолидација на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА