ПСЖ обезбеди пласман на Ф4 во Келн, меѓутоа на него ќе биде без услугите на искусниот француски репрезентативец Никола Каработиќ. Ракометарот кој се очекуваше да се врати на терените наскоро, сепак, ќе мора да паузира уште некое време, па за него оваа сезона е готова, пренесува „Л’Екип“.
Карабатиќ веќе три месеци е надвор од терените поради проблеми со вените на десната нога. Иако се очекувале до средината на мај да се врати на терените, сепак, тоа нема да се случи.
Карабатиќ паузата ќе ја искористи да се подготви за следната сезона, затоа што го продолжи договорот до јуни следната сезона, и нема намера да оди во пензија.
Покрај завршниот турнир во Келн, ПСЖ е првопласиран во францускиот шампионат со 46 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА