Манчестер Сити го „прегази“ Реал Мадрид со 4-0, и во голем стил се пласираше во финалето во Лигата на шампионите, каде против Интер ќе се бори за големиот трофеј, и „граѓаните“ важат за голем фаворит.
Извршниот директор на екипата Феран Сориано, кажува дека победите и успесите на Манчестер Сити не се должат на огромните вложувања во екипата.
„Само треба да ги погледнете вложувањата на игарчите во Англија во последната година, и во последните 3-5 години. Никогаш не сме на врв по трошењето пари. Челси и Манчестер Јунајтед вложуваат повеќе од нас. Тоа дека вложивме многу пари и затоа победуваме, не е точно“, рече Сориано.
Сити минатото лето потроши 162 милиони евра на засилувања, од кои 60 милиони за Ерлинг Халанд, а истовремено продаде играчи за 150,5 милиони евра.
„Лигата на шампионите за нас е симболична. Нашиот фокус е секогаш кон англиската Премиерлига, натпреварување кое е тешко да се освои. Успееме ли да го оствариме сега, тоа ќе биде третпат по ред, или петти пат во шест години“, рече Сориано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

