Баерн во проблеми: Зомер не тренира пред одлучувачките два меча

Голманот на Баерн Минхен, Јан Зомер не тренира втор ден по ред, и неговиот настап на натпреварот против Лајпциг викендов е под знак прашалник, објавија германските медиуми.

Швајцарскиот интернационалец кој беше доведен во Минхен како замена за повредниот Нојер, не тренира поради стомачни проблеми, и од клубот не објавија дали ќе биде подготвен за дуелот, кој е претпоследен во Бундеслигата.

Баерн Минхен има уште два натпревари до нова титула во Германија. Ако ги победи и двата меча, тогаш ќе успее повторно да дојде до шампионскиот трофеј.

Ако не може Зомер, тогаш на голот на Баерн ќе застане третиот голман Свен Улрајх.

Се вчитува...