ДРАМА: Фиорентина со голот на Чехот Барак во 129. минута до финале во Конференциската лига (ВИДЕО)

Чехот Антонин Барак е херојот на Фиорентина кој успеа да го однесе тимот од Фиренца до финалето во УЕФА Конференциската лига благодарение на голот во 129. минута од продолженијата за триумф на гостувањето против Базел со 1-3.

Фиорентина се избори најпрво за продолженија на гостувањето против Базел откако се стекна со водство од 1-2 по регуларните 90 минути. Базел во првиот меч во Фиренца победи, исто така, со 1-2.

Гонзалез ја доведе Фиорентина во предност од 0-1 во 25. минута, Амдуни израмни во 55. минута на 1-1, но Фиорентина повторно поведе со вториот гол на Гонзалез во 72. минута.

А, во продолженијата, кога се чинеше дека ќе се оди кон пеналите, Барак во 129. минута постигна гол за победа од 1-3 на Фиорентина и место во финалето во кое ќе се сретне со англиски Вест Хем.

Се вчитува...