Немили сцени: Хулиганите на АЗ Алкмар ги нападнаа семејствата на фудбалерите на Вест Хем кои веднаш се впуштија во одбрана (ВИДЕО)

Англиски Вест Хем по три децении ќе се бори повторно за европски трофеј, па несомнено огромна беше радоста на фудбалерите и неговите навивачи по победата и во Холандија против Аз Алкмар за место во финалето во УЕФА Конференциската лига.

Но, радоста на фудбалерите на Вест Хем во Холандија беше расипана од хулиганите на Аз Алкмар кои по мечот ги нападнаа на трибините семејствата на фудбалерите.

Па, кога го забележаа сето тоа фудбалерите на Вест Хем воопшто не рамислуваа да се впуштат во пресметка со хулиганите и одбрана на своите семејства.

И пред мечот имаше нереди во Холандија поради домашните хулигани.

Се вчитува...