Хаотична ситуација во Базел: Навивач на Фиорентина се бореше за живот додека неговиот тим го славеше финалето во КЛ (ВИДЕО)

Вистинска драма и на теренот, но и на трибините, во последните неколку минути од продолженијата на натпреварот меѓу Базел и Фиорентина во Швајцарија од полуфиналето во Конференциската лига.

На неколку минути пред крајот на второто продолжение дојде до прекин на мечот, откако му се слоши на еден навивач на Фиорентина на трибините.

Но, вистински присебен беше тренерот на Фиорентина кој итно повика медицинска помош да реагира. Па, навивачот веднаш беше пренесен во најблиската клиника со надеж дека на крај се ќе биде во најдобар ред со него.

А, откако натпреварот продолжи, пак, Фиорентина со голот на Чехот Барак буквално во последните секунди од средбата дојде до победа од 1-3 и пласман во финалето на Конференциската лига против Вест Хем.

Се вчитува...