Никола Јокиќ и Џамал Мареј со феноменални партии го донесоа Денвер од огромен минус против ЛА Лејкерс и до втора домашна победа од 108-103 за 2-0 во финалето на Западот во НБА лигата.
Се укажуваше на тоа дека Лејкерс ќе однесат брејк, но Денвер од -11 поени во средината на третата четвртина дојде до +12 на пет минути пред крајот на мечот, и голема победа.
Никола Јокиќ запиша „трипл-дабл“ од 23 поени, 17 скока и 12 асистенции, па стана прв играч со вака импресивни бројки откако се игра НБА плејофот.
Јокиќ го одржуваше Денвер се до завршницата кога почна се да промашува, но затоа одлично го проигруваше Џамал Мареј, уште еден херој за Денвер. Мареј, пак, се мачеше се до последната четвртина кога едноставно експлодираше со тројки и слободни фрлања. Мареј беше најдобар стрелец на мечот со 37 поени, од кои дури 23 поени во последната четвртина и шест тројки.
Кај ЛА Лејкерс со по 22 поени најефикасни беа Леброн Џејмс, кој имаше уште 9 скока и 10 асистенции, како и Остин Ривс. Потфрли Ентони Дејвис. Постигна 18 поени и имаше 14 скока, но погоди само четири од 15 обиди од игра. Кај Лејкерс одличен беше Руи Хачимура со 21 поен и шут 8/10.
Серија сега се сели во Лос Анѓелес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

