Ферари донираше 1 милион евра за помош на Италија поради поплавите

Славната италијанска Ф1 компанија Ферари, донираше 1 милион евра за помош на Италија поради поплавите кои се случија на северниот дел. Обилните врнежи од дожд усмртија 13 лица во тој дел од земјата, а поради поплавите се одложи трката во Имола, која требаше да се вози изминатиот викенд.

Повеќе од 400 куќи се оштетени во поплавите, а неколку илјади лица се евакуирани. Ферари се приклучи на регионалната кампања за собирање на средства за помош на оштетените од поплавите.

„Сакавме да пружиме конкретен и неспореден одговор за најитните потреби на жителите на Емилија-Ромања, кои се погодени од сериозна еколошка катастрофа. Во координација со локалните власти, на кои од срце им се заблагодаруваме за неуморната работа. Оваа помош ќе донесе утеха на погодените“, рече извршниот директор на Ферари Бенедито Виња.

Се вчитува...