И покрај освоеното Скудето кое Неапол го чекаше 33 години, тимот на Наполи може да остане без тренерот за следната сезона. Италијанските медиуми наголемо пишуваат дека Лучијано Спалети ќе се раздели со тимот, и ќе бара нова средина.
Наводно Спалети бил лут на раководството на Наполи на чело со Аурелио Де Лаурентис поради тоа што не бил повикан на продолжување на соработката, па најавил заминување од екипата. Во секој случај ова се изненадувачки информации, со оглед дека Спалети му ја донесе на Наполи титулата која се чекаше повеќе од три децении, а тимот стигна и до 1/4 финалето во Лигата на шампионите.
Медиумите во Италија веќе почнаа со шпелуации и за негов наследник. Наводно Де Лаурентис веќе имал разговори со поранешниот тренер Рафаел Бенитез, а некои од медиумите го споменуваат и сегашниот предводник на ПСЖ, Кристоф Галтие.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА