Финалистот во Лигата на шампионите, тимот на Манчестер Сити денеска го претстави новиот дрес за идната 2023/24 сезона. Дресот во светло сина боја има нијанси на потемна со линии.
Фановите на Сити се воодушевени од изгледот на новиот дрес, кој чини 75 фунти. Фудбалерите со него ќе играат и во финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Интер во Истанбул.
Новиот дрес е во брендот „Пума“ со кој Сити има договор до 2029 година вреден 650 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА