Ѓорческа доминантно до полуфинале во Куршумлијска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на доминантен начин се пласираше во полуфиналето од ИТФ фјучрсот во српската Куршумлијска Бања.

Тетовчанката во четвртфиналето на фјучрсот вреден 25.000 американски долари славеше против Швеѓанката, Кајса Риналдо Персон со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4.

Во полуфиналето Македонката за противник ќе ја има Романката, Кристина Дину која во моментов се наоѓа на 308. позиција на ВТА листата.

Се вчитува...