Дуро: Мотивацијата кај фудбалерите на Струга пред куп финалето е голема, одиме на двојна титула

Струга Трим и Лум утре од 17 часот на стадионот „Петар Милошевски“ на тренинг центарот на ФФМ во мегдан против против актуелниот куп шампион Македонија Ѓорче Петров.

Стружани утре ќе имаат шанса да ја заокружат на неверојатен начин историската сезона со втор трофеј, по тој во Првата македонска фудбалска лига.

Тренерот на Струга, Шпетим Дуро вели дека купот е специфично натпреварување, но дека мотивацијата кај неговите фудбалери е голема.

„Имаме максимален респект за противникот. Купот е специфично натпреварување и тоа веќе им го напоменав на фудбалерите. Мислам дека успеавме да ја симнеме и еуфоријата, сите фудбалери се доволно свесни дека пред нас е уште еден многу значаен натпревар за нашиот клуб. Не се игра секој ден финале, мотивацијата секако е голема и верувам дека ќе одиграат на најдобро можно ниво“, истакна тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро.

Слично размислува и капитенот Фљамур Таири…

„Ние сме шампиони, мотивирани сме максимално, па иако ниту еднаш оваа сезона не успеавме да ја победиме Македонија ЃП, се надеваме дека тоа ќе го сториме утре. Имаме квалитет, се освеживме по прославата на титулата, фокусирани сме и сакаме двојна круна“, изјави капитенот Фљамур Таири.

Се вчитува...