Позната причината за нападот на Алексеј Швед

Рускиот кошаркар Алексеј Швед се здоби со тешки повреди на главата кога на почетокот на месецот беше нападнат од група навивачи пред ресторан во Москва. Искусниот плејмејкер мина неколку дена во болница поради потрес на мозокот, а неодамна беше пуштен на домашно лекување.

Иако до сега не објави ништо за немилиот настан, кошаркарот на ЦСКА Москва неодамна реши да излезе пред руските медиуми и да ги открие деталите од нападот.

Според Швед, тој бил цел на нападот поради поразот на ЦСКА од Локомотив Кубањ во ВТБ лигата. Московскиот тим загуби со 104-103, а поразот налути петмина хулигани кои наводно вложиле многу пари на победата на ЦСКА.

„Оние момци кои се обложија на нашата победа и загубија пари, налетаа на мене по натпреварот и почнаа да ме навредуваат. Ме опколија мојата сопруга и мене, а потоа дојдоа повеќе, па не можевме да избегаме. Одеднаш почнаа да ме удираат по главата и да ме навредуваат. На друго ништо не се сеќавам, веднаш ме однесоа во болница“, изјави Швед.

Се вчитува...