Мајами Хит е се поблиску до финале во НБА лигата, откако ноќеска направи и втор брејк во дуелот против Бостон. Се поблиску е најдобрата кошарската лига во светот да има финале Мајами – Денвер, откако Нагетси водат со 2-0 во серијата против ЛА Лејкерс.
Ноќеска Мајами до нов брејк дојдоа со резултат 111-105. Откако во првиот меч Бостон после катастрофалната трета четвртина дозволи противникот да им „избега“, нешто случно се случи и во вториот меч, со тоа што овојпат проблематична беше четвртата четвртина која ја доби Мајами со 36-22, што беше клучно за победата.
Тејтум се обиде предвреме да го реши победникот во последниот период, меѓутоа Батлер и Абедајо од друга страна беа решени да му донесат 2-0 на својот тим. На неполни три минути резултатот беше во егал 100-100, потоа Абедајо да забие во кошот, и за комплетиарање на низата ос 18-4 и предност на Мајами од пет поени на една минута до крајот. Следуваа серија на слободни фрлања низ кои Мајами беше со посилни нерви, за конечен триумф. Во финишот низата на Мајами беше 24-9, и тука беше клучот на успехот.
Jimmy Butler gives Miami the late lead 🔥🔥 pic.twitter.com/FGKxpJUc2S
— Alex 👋 (@Dubs408) May 20, 2023
Сега серијата се сели во Мајами, а таму Бостон го чека тешка задача, затоа што сезоната „жешките“ имаат 6-0 на свој терен во плеј-оф серијата. Батлер беше најефикасен со 27 поени, а Тејтум со 34 поени немаше поддршка од своите соиграчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

