Почина еден од најдобрите играчи на НФЛ во историјата

Џим Браун почина на 87 годишна возраст, а многумина го сметаат за најголем играч на НФЛ во историјата. Оваа информација ја соопшти неговата сопруга Моника.

Беше еден од најголемите спортисти на САД. Браун играше за Кливленд Браунс и ги донесе до титула во НФЛ 1964 година, а се смета за еден од најголемите спористи на 20 век во свеотт. Исто така се обиде и како актер, и ќе стане еден од оние кои ќе ја смени филмската кинематографија.

Роџер Гудел, службеник на НФЛ го оцени како еден од најдоминатните играчи кој некогаш го видел. Стана првиот црномурест играч кој влезе во куќата на славните на НФЛ, и помогна таа заедница да биде повеќе прифатена во САД, бришејќи ги границите кои до тогаш постоеле, рече Гудел.

Се вчитува...