Младиот Решат Рамадани дебитираше за Динамо Киев

Младинскиот македонски репрезентативец Решат Рамадани, денеска го имаше официјалниот прв настап во дресот на украинскиот гигант Динамо Киев. Играчот од средниот ред влезе во игра во 82. минута на мечот со Александрија.

Рамадани дојде во Динамо од таборот на Шкендија, и неколку натпревари по ред беше на клупата за резерви на украинските „сино-бели“, за денеска, конечно, да добие шанса да заигра во дресот на гигантот од Украина.

Трансферот на Рамадани во Динамо одеше со посредство на екс играчот на украинскиот тим и поранешен македонски репрезентативец Горан Попов.

Се вчитува...