Дориан Бабунски со два гола го урна унгарскиот шампион!

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски, донесе победа на својот тим Дебрецен и доближување до Европа идната сезона. Бабунски со два гола го најави пресвртот над новиот шампион Ференцварош со 1:3.

Иако неговиот тим имаше негатива, сепак, два брзи гола на Бабунски во 63. и во 67. минута донесе пресврт, за потоа Боди да ги постави конечните 1:3.

Со овој триумф Дебреен се доближи до третата позиција, која носи пласман во Лигата на Конференции на едно коло до крајот на првенството.

Се вчитува...