Денвер Нагетс е на само чекор до своето прво НБА финале oткако поведе со 3-0 во финалната серија на Западната конференција против Лос Анџелес Лејкерс.
Никола Јокиќ и неговите соиграчи синоќа славеа на гостувањето во ЛА со 108-119 и со тоа направија чекор поблиску до финале.
Џамал Мареј со 37 поени беше прво име во таборот на победникот додека Никола Јокиќ додаде 24 поени, надополнети со осум асистенции и шест скока. Кај поразените Ентони Дејвис заврши со 28 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

