Најмалку девет лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо на фудбалски стадион во градот Кускатлан во Ел Салвадор, соопшти националната полиција на оваа земја.
Стампедото се случи кога навивачите пробија една од портите на стадионот „Монументал“ за време на четвртфиналниот натпревар од националната фудбалска лига меѓу Алијанс и ФАС во Кускатлан, околу 41 километар североисточно од главниот град Сан Салвадор.
Од повредените кои се пренесени во болници, најмалку двајца се во критична состојба, соопшти полицијата. Натпреварот беше прекинат по инцидентот, а на ТВ мрежите беа емитувани снимки на кои се гледа како медицинска помош им се дава на бројни повредени навивачи на теренот.
Фудбалската федерација на Ел Салвадор соопшти дека жали за инцидентот и изрази поддршка за семејствата на жртвите.
Momento en el que aficionados del alianza intentan ingresar y derribaron el portón en la zona de Sol General del estadio Cuscatlán. pic.twitter.com/pJ5vYUHN7Q
— Santiago Hernández (@santiagohndzKL) May 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА