Скандал во Словенија: Тренерот на Радомље шамараше поранешен фудбалер на Вардар

Радомље успеа да дојде до победа против тимот на Домжале, а решавачкиот момент се случи во самиот финиш на натпреварот.

Во 88. минута Чуиќ успеа да го постигне единствениот гол на натпреварот и да му донесе три бода на својот тим, но сето тоа остана во сенка скандалот кој се случи во судиското надополнување кога дојде до конфликт и физички контакт меѓу членовите на двата клуба.

Во центарот на вниманието беше тренерот на домашната екипа, Оливер Богатинов, кој во целата таа мешаница целосно ги загуби нервите и направи срамен потег за кој речиси сигурно ќе биде жестоко казнет.

Тој му удри шамар на тренерот на противникот Сенијад Ибричиќ.

Ибричиќ во 2015 година една сезона го носеше дресот на најтрофејниот македонски клуб со кој го освои домашниот шампионат во сезоната 2014/2015 година.

Целиот инцидент можете да го видите на следниот линк.

Се вчитува...