Кошаркарската федерација на Србија (КСС) и репрезентативецот Богдан Богдановиќ го претставија новиот дрес на Србија за Мундобаскетот.
Богдановиќ и КСС на социјалните мрежи го објавија изгледот на новиот син дрес кој е во нешто посветла нијанса од претходниот, но од истиот производител на компанијата „Пик“.
Во првата фаза од Мундобаскетот Србија ќе игра на Филипините во групата Б со Порторико, Кина и Јужен Судан. Првенството се одржува од 25 август до 10 септември.
Novi dres za @FIBAWC 🇷🇸🏀@LeaderOfHorde#FIBAWC #KSS #WinForSrbija pic.twitter.com/Itqp2u58sJ
— Košarkaški savez SRB (@KSSrbije) May 20, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

